Ќе се зголемува ли цената на лебот во Македонија?

Се додека е пазарот преплавен со српско брашно, мелничарите нема да откупуваат македонска пченица.

Ултиматумот го испратија до Владата. Ако за 30 дена не се најде решение, нема да се откупува лебното жито ни по почетокот на новата жетва. Неконтролираниот увоз од Србија, според мелниочарите на уништи домашната мелничка индустрија. Од 30 активни мелници, 20 се под хипотека.                                                                                                                                                             

Според мелничарите, решение за проблемот е да остане во сила правилникот од февруари кој налагаше контролата на брашното да се врши во Макеоднија и тука да се лепат маркичките. Но, по заканите од српска страна, Владата попушти и српското брашно се увезува непречено. 

Мелничарите очекуваат поддршка и од производителите на пченица кои летово на пазарот ќе понудат нови 160.000 тони квалитетно лебно жито.

Министертсвто за земјоделство регаира на тврдењата на мелничарите. Велат дека АХВ врши редвони контроли на увозот на брашно, а доказ за тоа се повеќето вратени пратки заради незадоволителен квалитет. Паралелно се преговара со српската страна за крајно решавање на проблемот, а на средба се повикани и македонските мелничари.