Ќе се забрани ли греењето на дрва?

Да се забрани греењето на дрва, и да престане да се користи јаглен, нафта и мазут. На овој начин дека независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ќе се намали загадувањето. 

Оваа пратеничка група следната недела ќе поднесе закон, кој предвидува сет мерки против загадувањето, а би почнал да важи од 2021 година. Со него се очекува за 50 проценти да се намали загаденоста на главниот град на земјава. 

Пратеничката Емилија Александрова рече дека со законот ќе бараат забрана за греење на дрва и целосна екологизација на институциите и домовите. 

„Со овој закон ќе иницираме да престане да се користи јаглен, нафта, мазут, како и греењето на дрва. Ќе бараме бесплатни печки на пелети, субвенционирана цена на пелети, приклучување на сите институции на системите за топлификација, а јавниот превоз, односно автобусите да бидат на метан или на електричен погон. Истото ќе важи и за такси превозниците. Согорувањето на масло, гуми, да биде кривично дело и да се стави забрана на увоз и согорување на отпад“, рече Александрова.

Таа ги повика сите политички чинители да дадат поддршка на законот, за да може да го донесе овој парламентарен состав до распуштањето на Собранието.