Ќе се врати дневната евтина тарифа на струјата?

Граѓаните бараат да се врати дневната евтина струја, како што беше претходно, од 14-16 часот. 

-Можно е враќање на дневната евтина струја, но за тоа ќе треба да почекаме да заврши оваа грејна сезона, вели првиот човек на РКЕ Бислимоски, коментирајќи ги зголемените најави дека е можно да се врати евтината дневна струја.

-Прво да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции кои ги имаме, рече тој.