Ќе се воведат ли директни летови кон САД и Канада?

Македонските власти разговараат за воведување директни летови кон САД и Канада. Партнер се гледа во моќната „Туркиш ерлајнс“.

Интерконтиненталната линија ќе биде од големо значење за земјава, особено ако се има предвид бројноста на нашинците од дијаспората. Дополнително олеснување за конечно да се реализира оваа цел е фактот што нашата држава има потпишано спогодби со Канада и со САД за воспоставување на воздушен сообраќај.

„Воведувањето на еден ваков лет ќе овозможи и зголемување на бројот на патници кои ќе транзитираат низ домашните аеродроми, како и создавање од аеродромот „Александар Велики” еден водечки регионален центар“ – објаснуваат од Министерството за транспорт и врски.