Ќе се вештачи кој ,,штедел“ на асфалт при реконструкцијата на улицата ,,9 мај“

Градоначалникот на Општина Центар објави дека при реконструкција на една улица е утврдено дека недостасуваат 6 сантиметри слој од асфалтот поставен во 2009 година.

,,По започнување на градежните активности на улицата „9 мај“, се утврдија одредени недостатоци произлезени од последната реконструкција, изведена во 2009-та година.
Според проектот за реконструкција изготвен во 2007 година, дебелината на слојот требала да биде 9 см, додека на терен фактичката состојба укажува на трикратно намалување, односно изведена е со дебелина на асфалт од само 3 см.
Недомаќинското и неодговорно работење во Центар е одамна минато и сакам да информирам дека општината за пропустите во овој случај ќе отвори постапка за вештачење“-најави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Тој објави фотографии како доказ.