Ќе се укинува временската ограничување за продажба на алкохол

Министерството за економија на владината седница ја презентираше информацијата за изменување на Законот за трговија согласно со иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис-заедницата“.

Врз основа на тоа, Министерството за економија во рок од два месеца треба да достави предлог за изменување на Законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца.