
Владата најави дека во пресрет на новата учебна година од која не дели помалку од еден месец ќе воведе „училишна кошничка“.
Премиерот Мицкоски најави мерки со цел да се спречи поскапување на школскиот прибор пред да почне новата учебна година. Најави нови владини мерки за справување со високите цени во маркетите, а ќе има мерка која ќе вклучува и училишна кошничка.
Тој изминативе денови изјави дека Владата разгледува законски можности за санкционирање на сите субјекти кои драстично ги зголемиле цените по укинувањето на досегашните мерки.
„Анализираме неколку концепти, сигурно ќе има мерки кои ќе се однесуваат на училишната кошничка, за тоа сигурно ќе има мерки. Се анализираат цените периодов што изминува за да нема сега наеднаш зголемување пред септември затоа што таквиот начин на однесување не само што ќе наиде на шестока реакција од Владата туку ги разгледуваме и законските можности како да се санкционираат субјектите што ќе се одлучат на таков тип на шпекулативно однесување“, вели Мицкоски.
Инаку, минатата година, на почетокот на учебната година, Владата ги ограничи маржите на училишниот прибор.
Родителите се надеваат дека оваа највена мерка на Владата ќе даде соодветни резултати и дека ранците и приборот нема да ги купуваат по астрономски цени.