Ќе се спасат ли пензионерите од регистрација во УЈП?

Државата прави напори да го олесни процесот на регистрација за граѓаните во УЈП. Новиот систем за пресметка на годишните даночни пријави предвидува сите граѓани да се регистрираат електронски или на шалтерите на УЈП.

Надлежните велат дека ги разгледуваат сите можности како да ги искористат постоечките податоци во системот, со цел да се олесни процедурата, особено за пензионерите и примателите на плата кои немаат дополнителни приходи.

-УЈП треба да направи сè за да ги најде сите механизни да им овозможи што полесно регистрирање на сите поранливи групи граѓани да имаат можност без никаква мака да се регистрираат, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Надлежните најавуваат дека ќе има тимови кои ќе одат кај пензионерите и другите граѓани каде е потребно за да им помогнат да се регистрираат. Апелираат дека нема место за паника бидејќи со имплементацијата на новиот систем ќе се олеснела процедурата за граѓаните. Откако еднаш ќе се регистрираат, УЈП ќе ги прави и доставува пресметките до граѓаните, кои треба само да потврдат дали пресметката е точна.