Ќе се собира кабастиот отпад во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода информира дека во петок, 13.10.2017 година и сабота, 14.10.2017 година од 07:00 – 11:00 часот ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад на територија на општината.

Активностите кои редовно се одвиваат преку секторот за Месна самоуправа и социјална заштита на општината и ЈП Комунална Хигиена-Скопје ќе се спроведат поодделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:

13.10. 2017 година (петок) од 07:00 часот- 11:00 часот: У.З. Кисела Вода, У.З. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври – бараки, МЗ. Пинтија, У.З. Бобан Трпков- н. Драчево, М.З.село Драчево, М.З. Усје и Градинар, М.з. Припор

14. 10. 2017 година (сабота) од 07:00 – 11:00 часот: У.З. Цветан Димов, У.З. Бирарија, У.З. Црниче, У.З. Пржино и У.З. 11-ти Октомври – згради.

Општина Кисела Вода ги замолува жителите од овој дел на градот, кабастиот отпад да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата, како и местото да биде пристапно за возилата на Ј.П.Комунална Хигиена-Скопје.

Вон определениот датум и време не е дозволено одлагање на кабастиот отпад. Дежурен телефон на Ј.П.Комунална Хигиена-Скопје за подетални информации е бесплатниот телефон 0800 222 33
Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен отпад ( мебел, бела техника, електронски отпад).