Ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода

Општина Кисела Вода преку Секторот за Месна самоуправа и социјална заштита и понатаму ја продолжува практиката за собирање на кабаст отпад по урбани и месни заедници на територијата на општина Кисела Вода.

Поаѓајќи од фактот дека одложувањето на кабаст отпад претставува проблем за домаќинствата на територија на општина Кисела Вода и истиот се одложува на несоодветни локации на територија на  Општината, би сакале да Ве информираме дека во период од 13.Септември 2021 до 24.Септември 2021 година во рамките на месните и урбаните заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.

Секој граѓанин-жител на општина Кисела Вода ќе може да закаже термин на телефонскиот број 072/313-331 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 06.09.2021 до 13.09.2021 година за подигање на кабаст отпад.

Граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад ќе бидат должни истиот да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои  ќе се движат во тој период.

Наталожените диви депонии претставуваат грда слика за Општина Кисела Вода и за нивно отстранување Општината вложува сериозни напори и инвестира сериозни суми на средства кои во спротивно би биле искористени за други потреби на граѓаните. Само со одговорно однесување на секој поединец, заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредена.