Ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода

Општина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП „Комунална хигиена“ на 29 и 30 јули од 7:00 до 11:00 часот ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад на територија на општината.

Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:

– 29.07.2016 година од 7:00- 11:00 часот: УЗ. Кисела вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ. Драчево и МЗ. Припор.

– 30.07.2016 година од 7:00 – 11:00 часот: УЗ. Цветан Димов, УЗ. Бирарија, УЗ. Црниче, УЗ. Пржино и УЗ. 11-ти Октомври згради

Општина Кисела Вода упатува апел до сите граѓани отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, а притоа да не се згрозува сообраќајот за автомобилите и пешаците.

Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен смет, освен градежен шут и комунален отпад.