Ќе се санираат пешачките пристапни патеки до 15 станбени единици во Скопје Север

Општина Бутел летово стартува со голема градежна офанзива. 

Како што соопшти градоначалникот Дарко Костовски ќе се врши реконструкција и уредување на пешачките пристапни патеки до 15 станбени единици во Скопје Север, проекти кои се завршени, а наскоро следи тендерирање.

- По завршување на тендерската процедура со павер елементи ќе се реконструираат влезовите на станбените единици а исто така и главните пешачки патеки. Исто така предвидени се две нови детски игралишта за најмалите како и едно кошаркарско игралиште, информираше Костовски. 

Исто така,  во оваа скопска општина на неколку локации ќе се направи и парковско урбано уредување со ново зеленило, нови клупи и патеки, а од овој викенд ќе се започне со уредување и бележење на големите паркинзи во Скопје Север.

-Рамномерен развој на општина Бутел е наш приоритет. Граѓаните заслужуваат подобри услови, посочуваат надлежните.