Ќе се санира дефект - Булевар од Аеродром без вода

Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка Ф-80мм на Булевар Асном 70 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од кула 68 и кула 70 на булеварот.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:45 часот, а прекинот ќе трае до санирање на дефектот.