Ќе се садат 300 ореви во училишните дворови и градинки во Карпош

Започна садењето на 300 ореви, во рамки на училишните дворови и градинки во Карпош. Овие образовни установи се лоцирани внатрешно во населбите, со што значително ќе се зголеми меѓублоковското зеленило.

Паралелно, раззеленуваме и со нови 150 листопадни дрвја, јавори и липи. Оваа акција започна од Карпош 4, на потегот околу „Антико“, како и на улицата „Васил Чакаларов“, кај Порта Козле.

Есенската акција за садење е во рамки на Деновите на Карпош, за одбележување на 44 години од формирањето на локалната самоуправа. #ЗеленКарпош