Ќе се реновира „Чичино село“ во Сарај

Прифатниот центар за бездомни лица во Сарај ќе се реновира. Објектот кој изгоре пред точно една година ќе се врати во функција, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Квалитет Бетонида“ од Мала Речица. Објектот е составен од две бараки, кои имаат капацитет од околу 50 лица. Реконструкцијата се очекува да биде готова заклучно со август, а предвидено е реновирање на подот, плафонот, електричната излоација и санитарните јазли.

„Чичино село“ инаку е составен од 5 бараки, од кои моментално само 3 се во функција, а две настрадаа во пожар пред точно една година. Во нив се сместени бездомни лица, кои таму добиваат комплетна грижа, услови за одржување лична хигиена, лекарски преглед како и 3 оброци на ден.  Министерството за оваа реконструкција издвои 4,7 милиони денари од сопствениот буџет. 

air max 90 essential sale