Ќе се реконструираат тоалетите во ООУ „Аврам Писевски“ во Карпош

Општинското основно училиште „Аврам Писевски“ е добитник на грант во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, компонента 3 – обезбедување стимул на училиштата / реновирање во текот на 2019 година.

Секторот за развој при Општина Карпош ја подготви апликацијата за овој проект во соработка со Секторот за дејности од јавен интерес, со кој ќе се овозможи реконструкција на сите тоалети во училиштето „Аврам Писевски“ во Бардовци.

Добиен е грант од 1.200.000 денари од УСАИД, додека Општината ќе учествува со 300 илјади денари.

Реконструкцијата на тоалетите ќе се одвива во летниот период, при што еден од критериумите во повикот е во процесот на подобрување на условите да имаат вклученост и учениците, наставниот кадар и родителите, со цел да се изгради однос на грижа и заштита кон тоа што се создава.

Општина Карпош продолжува да работи на апликации за проекти од најразлични области, со што се обезбедуваат средства за  подигнување на квалитетот на живот за сите граѓани.