Општина Центар ја прифаќа забелешката од соопштение на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Центар, иако не наведуваат дека фотографиите и текстот за водата на раскопана улица се однесуваат само за Маџир Маало.

Потсетуваме дека се работи за улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ за која има поделена надлежност меѓу општина Центар и општина Аеродром, соопштението на општина Центар.

Во понеделник градоначалникот Саша Богдановиќ, на прес-конференција ќе ги објави деталите и плановите за улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ која по 50 години ќе добие нова канализациона мрежа, асфалт и тротоари“, се вели во соопштението.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар обвии дека Општина Центар е во катастрофална состојба. Поплавени и раскопани улици на секој чекор, а дека главен виновник е градоначалникот Саша Богдановиќ кој и после шест месеци откако е седнат на фотелјата нема мрднато со малиот прст да го реши овој горчлив проблем на центарци.