Ќе се реконструира патот од Хиподром кон Илинден

Реконструкцијата на регионалниот пат Хиподром - Илинден е прв на листата проекти усвоени од Скопскиот плански регион за 2023 година.

- На денешната седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион ја усвоивме листата на проекти кои ќе реализираат со средства од Бирото за рамномерен регионален развој, напиша градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Прв проект на листата е реконструкција на регионалниот пат Хиподром - Илинден чија вредност е 8.000.000 денари од кои 3.000.000 денари ќе бидат финансирани од буџетот на општина Гази Баба.