Ќе се подобруваат условите за возење на велосипед во Аеродром

Соработка за изнаоѓање велосипедски инфраструктурни решенија со поставување вело-ленти и вело-патеки на општинските улици, нови сообраќајни решенија за намалување на брзината на движење на автомобилите, како и одредување локации каде има потреба од поставување паркинг за велосипеди низ целата територија на општината, договориле градоначалникот на општина Аеродром  Златко Марин  и претставници од неформалното здружение „НаТочак“.

На средбата што се одржа вчера, тие се договориле да се организираат и кампањи за поттикнување на граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, во чии рамки ќе се потенцираат придобивките од возење велосипед.

Било договорено и вклучување на градоначалникот и на вработените во акцијата за одбележување на интернационалниот ден Winter Bike to Work Day, на 9 февруари.