Ќе се отстрануваат непрописно поставените паркинг-блокатори и рампи

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Општина Центар и Министерството за внатрешни работи ќе почне акција за отстранување на сите непрописно поставени паркинг-блокатори и рампи на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

ЈП ПОЦ ги известува сите граѓани кои имаат непрописно поставени паркинг-блокатори и рампи на јавните паркиралишта со кои стопанисува ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ да ги отстранат во најкус можен рок, во спротивно истите ќе бидат отстранети од страна на службите на Општина Центар и МВР, а за непрописното поставување ќе следат и соодветни санкции.

Од ЈП ПОЦ соопштија дека акцијата се спроведува со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се обезбеди подеднаков пристап за сите корисници на јавните паркиралишта и јавните површини на територија на општина Центар.