Ќе се отстранува оградата околу Владата

На владина седница е одлучено да се отстрани железната ограда околу Владата со цел, како што e наведено на фејсбук-страницата на Владата, целосно да се ослободи јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев рече дека прво што ќе направи кога ќе дојде на власт, ќе ја отстрани оградата и ќе размисли да направи клупи од неа.