Ќе се оградува и жолтата куќа до Владата

Владата ќе потроши 13 000 евра за да ја огради жолтата куќа која се наоѓа веднаш до владината зграда,  на булеварот Климент Охридски.

Службата  за општи и заеднички работи бара изведувач на работите откако претходно склучи договор со скопската градежна компанија „Трансмет“ за да ја стилизира фасадата на овој објект. Претходно, за рефасадирање на куќата, пак, беше најавено дека ќе  потрошат 170 000 евра, а новиот изглед ќе биде во стил, боја, градежни материјали и илуминација идентични со новиот барокен изглед на владиниот објект.

При склучување на договорот, од владата изјавија дека целта е жолтата куќа да се вклопи во амбинетот што го создава новиот изглед на владината фасада. Оградувањето на жолтата куќа следи откако беше поставена ограда од ковано железо околу владата. Вредноста на овој зафат изнесуваше 700 000 евра. Жолтата куќа инаку е на три нивоа и во неа е сместен центарот за обуки при секретаријатот за европски прашања.