Ќе се обесштетат нови 1900 стечајци

Изгласани се дополнувањата на Законот за стечајци кој предвидува олеснување за добивање на надмест од околу 7.500 денари. Со измените, покрај постојаните 2732 стечајци, овие средства да ги добиваат нови 1900 стечајни работници.

„Воведуваме можност да се опфатат и лица чии што работен однос и по приватизација на претпријатието, но истото тоа претпријатие да ги има истиот матичен број како кога било во државна сопственост. Дополнително, работниот однос на лицето треба да е започнат во време, кога претпријатието било државно. Второто олеснување е за возрасната граница. Сите граѓани кои до септември оваа година ќе поднесуваат барање, ќе можат да ги остварат правата доколку полнат 52 години за жени и 55 за мажи“

Законот предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, заклучно со 31 декември 2016 година.