Ќе се намалува рокот за даночните обврзници да останат регистрирани за ДДВ

Целта на предлогот е да се допрецизира и дополни даночното ослободување во делот на образованието и да се надополни и со научната дејност.

Дополнително, се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ, од пет години, на две години.

Се врши и усогласување со царинските прописи во делот на утврдувањето на даночната основа при увоз на добра, како и усогласување на враќањето на ДДВ во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Според постојното законско решение даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен промет повисок од еден милион денари се обврзани за ДДВ регистрација.