Ќе се намали бројот на предмети во училиштата

Учениците во Македонија имаат премногу предмети, во образованието многу се експериментираше. На Македонија и е потребен образовен систем кој во иднина само ќе се надоградува. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, на Конференцијата за образование во организација на УНИЦЕФ.

- Следната година ќе почне и опремувањето на основните и средните училишта со современи лаборатории, што ќе придонесе во практичната настава и зголемување на интересот на учениците за наставните содржини. Исто така, планираме да го намалиме бројот на предмети во училиштата. Учениците да можат да ги стекнуваат знаењата главно на училиште, за да имаат повеќе слободно време дома, а така ќе се ослободат од психолошките притисоци, изјави Заев.