Ќе се гради затворен базен во „Партизан“ во Карпош

Салата „Партизан“ долго време беше болна точка на карпошани, но напорно се работи на нејзино обновување и заживување како главен спортски центар во општината. 

Усвоен е и предлогот за изградба на затворен базен. Предлог-програмата е поддржана на вчерашната 55. седница на Советот на Општина Карпош.

„Комплексот ќе содржи и игралиште од 461 м2, поплочени површини од 1.742 м2, а целиот простор ќе се протега на уредено зеленило од 4.151 м2. Теренот е прилагоден да овозможи и пристап за лица со попреченост, а проектот ќе го финансира Агенцијата за млади и спорт“, соопштуваат од Општина Карпош.