Ќе се гради споменик на гробот на Есма Реџепова

Формирана е работа група и се обезбедени финансиски средства за изградба на споменик на гробот на Есма Реџепова, соопшти  премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Заев информира дека согласност од семејството е добиена.

- За жал, имаме проблем околу домот на Есма Реџепова, кој е отворен и го аби времето, а е понуден за јавни простори. Министерството за култура веќе одржа два состанока со дел од членовите на семејството за да можеме да ги завршиме претходните постапки и конечно да влеземе во домот, да го реконструираме, да го одржиме и да биде отворено катче за Ромите и за сите граѓани како споменик на културата. Да биде понуден како што таа оставила во аманет, за општествени дејности, рече Заев. 

Тој кажа и дека годинава во 14 општини се градат базени, а идната година се планирани уште најмалку 15 за кои се обезбедени локации.

Во 2019 година е планирана изградба на базен и во Шуто Оризари, дополни Заев.