Ќе се гради потпорен ѕид за заштита на куќи на Водно

Општина Центар ги информираше граѓаните дека започнуваат со изградба на потпорен ѕид, за заштита од ерозија на земјиштето на улицата „Христо Чернопеев“.

Испланирано е ѕидот да биде долг 15 метри и висок 8 метри. За опасноста предупредиле жители од овој реон.

Градоначалникот на општина Центар за наредната недела закажал состанок со директорот на ИЗИС за да се утврдат критичните точки на територијата на општината каде што нема да се издаваат одобренија за градење.