Ќе се гради нов систем за дистрибуција на природен гас

Ќе се гради нов систем за дистрибуција на природен гас по пат на јавно-приватно партнерство. Ваква одлука донесе Владата на вчерашната седница.

Како што информираат од владината прес-служба, министрите вчера ја разгледале и ја усвоиле информацијата за изготвување на предлог модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија, со предлог одлука. Истовремено, велат од прес-службата, Владата донесе одлука и за започнување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.

Владата, на вчерашната седница, ги задолжи министерствата за животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, кабинетите на премиерот и на вицепремиерот за економски прашања, Регулаторната комисија за енергетика и АД МЕР Скопје, во рок од три дена до Министерството за економија да достават номинации за член и заменик член во Комисијата за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија. Министерството за економија е задолжено до Владата да достави предлог решение за формирање Комисија за спроведување на оваа постапка.

Паралелно на ова продолжува започната активност преку Европската банка за обнова и развој за изградба на гасоводната мрежа, велат од владината прес-служба.

nike air max 1 sale