
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски утрово информираше дека градинката „Кочо Рацин“ добива нов потпорен ѕид, со што значително ќе се подобрат безбедноста и условите во рамки на неа.
Во објавата на Фејсбук, тој посочи дека паралелно, се реализираат и други проекти во образованието – нова енергетски ефикасна фасада во ООУ „Кирил и Методиј“, подготовка за изградба на спортски сали во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“, како и санации во ООУ „Димитар Миладинов“.
„Со овие активности Општина Центар продолжува да создава побезбедна и поквалитетна средина за најмладите“, истакна Герасимовски.