Ќе се гради нов плоштад во Центар

Се гради нов плоштад на крајот од улицата „Наум Наумовски-Борче“, на потегот од „Партизански одреди“ до „Ленинова“. Носител на проектот е Општина Центар, која одлучи, како што велат оттаму, ударните дупки, уништениот асфалт, тротоари и рабници да станат минато. Сите тие ќе бидат заменети со нови, а просторот хортикултурно ќе биде разубавен. Практично, нов лик ќе добие површина од 400 метри квадратни, целата поплочена и со павер-елементи и природен гранит. 

Викендов почна и зазеленувањето на просторот. Местото се разубавува со две големи жардиниери зеленило, а неделава ќе се поставува нова урбана опрема, клупи и осветлување.

„Во првата фаза од реконструкцијата беше реконструиран водоводот, во должина од 100 метри и првпат на оваа улица е поставена атмосферска канализација“, информираат од Центар.