Ќе се градат ли станови за бегалци во Македонија? – До крајот на годината се очекува да пристигнат 3.500 емигранти

Поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус, смета дека актуелниот бран на бегалци претставува голема опасност и според него, европските земји треба да преземат мерки на граничните премини за нивно спречување.

– Европа треба јасно да им каже „не“ на бегалците кои доаѓаат и треба да ги преземе сите мерки за обезбедување на границите, за да не можат тука да дојдат – рече Клаус.

Сегашниот пристап кон ситуацијата, познатиот евроскептик го смета за неверојатна неодговорност на актуелните политичари, како во Чешка, така и во Европа.

До крајот на годината се претпоставува дека во земјата ќе пристигнат 3.500 емигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000.

Бранот бегалци нема да ја заобиколи ниту Македонија. Доколку се реализирала националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, мигрантите би претставувале реална закана за Битола, Радовиш, Охрид, скопската населба Ѓорче Петров како и останатите општини во кои ќе се смени комплетно составот на населението со населување на овие лица.

Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија.

Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите. Граѓаните пак, на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.

-Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име- порачуваат граѓаните од 17-те општини.

Општинските советници од ВМРО-ДПМНЕ, застануваат во одбрана на граѓаните и бараат референдум за изјаснување на граѓаните- „ЗА“ или „Против“ населување на мигранти во нивната општина. Исто така бараат референдумот да се спроведе на 15 октомври, денот кога ќе се одржат и локалните избори.

СДСМ и Владата не отстапуваат од градбата на станови и доселување мигранти – поднесоа тужба против луѓето кои повикаа на референдум против мигранти.