Ќе се доградува градинката во Волково, откако од општинскиот Буџет беа скратени средствата за непродуктивни трошења

Општинскиот совет во Ѓорче Петров го изгласа ребалансот на Буџетот на општината. 

Потребите на градоначалникот, Советот, администрацијата се неважни во споредба со потребите кои ги имате вие, жителите на Ѓорче Петров. Затоа, денеска го направивме ребалансот на Буџетот на Општината! Го кратиме сето она кое го сметаме непотребен трошок, информираше првиот човек на општината, Александар Стојкоски. 

Направено е кратење на трошоците за патување и сместување на Советот на Ѓорче Петров, ставката за патувања на градоначалникот, парите кои досега беа предвидени за одржување на службено возило, средствата за копирање и печатење, парите предвидени за цвеќиња и сместување на гости.

Исто така, се скратени и парите кои биле предвидени за плати и надоместоци за вработувања, пари наменети за обезбедување, средства планирани за фотографирање. 

Стојкоски информираше дека на ваков начин се обезбедени средства од 7 милиони денари кои ќе бидат наменети за доградба на градинката во Волково. 

-Нема поголем приоритет од граѓани, односно од најмладите! Не сакаме листи со чекања и правиме сѐ тоа да биде минато! Ниту сакаме буџети каде на прво место не сте вие, жителите на Ѓорче, кое го правиме модерно, урбано, хумано, рече градоначалникот на општината.