Ќе се доделуваат твитер награди во кино „Милениум“

На 22 декември во кино „Милениум“ седма година по ред ќе се доделат „Твитер наградите“ на кои ќе се прогласат најдобрите корисници на социјалната мрежа „Твитер“, но и неколкумина што се активни и на други социјални мрежи, како што се „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Првпат на оваа манифестација ќе бидат наградени и видео блогерите од Македонија.

Корисниците на „Твитер“ сами номинираат и сами гласаат за најдобрите, кои се избираат во 24 категории. Гласањето започна на 7 декември, а ќе трае до 17 декември 2018 година.