Ќе се чистат и затвораат депонии во 18 општини во источна и североисточна Македонија

Во источниот и североисточниот дел на Македонија ќе се расчистуваат околу 70 диви депонии, но и уште седум општински, вели Ана Мазневска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Таа вели дека избрани се изведувачите и надзорот, кои се очекува со работа на терен да почнат од овој месец. Овие општини од ќе добијат и специјализирани контејнери, а претходно им беа доделени и камионите за носење на отпадот. 

Сите овие акции се дел од планот за изградба и реализација на првата современа фабрика за отпад во земјава, односно отворање на новото комунално претпријатие „Еко Исток Североисток“ кое е со седиште во Свети Николе. Фабриката за отпад ќе биде лоцирана во светиниколското село Мечкуевци, кое одамна е напуштено.