Ќе се бираат нови членови на Комисијата за обештетување од каснувања од бездомни кучиња

Град Скопје објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје.

Јавниот повик е објавен  врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.

Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:

- 1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози

- 2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.

Рокот за пријавување е до 17.05.2022 година.