
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку социјалните мрежи информираше дека се работи во Волково, под пругата, и ќе се асфалтираат нови улици со вкупна површина од 10.000 метри квадратни.
„Континуирано, посветено се грижиме за секој дел од општината. Ѓорче ја доживува својата инфраструктурна револуција. Задоволството на нашите сожители е главен мотив и најголема награда за работата, истакна градоначалникот.
Тој додава дека 19 улички на 22-ка и 20-ка добиваат асфалт, проблем кој со децении наназад го имаат, и како што вели, сега го решаваат и продолжуваат во секое маало.