Ќе раѓа Македонија уште многу како Пандев, Лазаров, Елмас, Адеми, Барди, Стоилов, Алиоски и не ќе можете да ја уништите

Има некој горе и ја сака Македонија, напиша поранешниот македонски репрезентативец Панче Ќумбев, актуелен прв човек на Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ), по неверојатниот триумф на македонската фудбалска репрезетација синоќа во Дуизбург, кога Македонија ја победи Германија со 2-1.

Последниве пет шест години се најтешки од 91 па наваму. Сакаат да ни сменат име, презиме, корен. Сакаат да не разнебитат одвнатре. Да не скараат Македонци во Македонија со Турци со Албанци со Роми со Срби. Сакаат да не нема.
Арно ама Вардар два пати европски првак во ракомет
Ракометарите на секое европско и светско играат
Кире и дружината ја преслушаа Данска (светскиот првак) 
Одбојкарите на европско првенство 
Младите фудбалери на европско 
Гоче и дружината за прв пат на европско 
И денес шлаг на тортата,победа над фудбалска велесила сред Германија 
Ќе раѓа Македонија уште многу како Пандев, Лазаров, Елмас, Адеми, Барди, Ристовски, Димитриевски, Стоилов, Алиоски…уште многу. И не ќе можете да ја уништите, овие момци ќе ја чуваат и ќе гинат за неа.
Политичари учете од јунаците, така се сака родната земја.
Да живее Македонија 
Има некој горе и ја сака Македонија , напиша Ќумбев.