Ќе поскапи ли домашната ракија? - Реагираат и земјоделците и љубителите на овој пијалок

Ќе поскапи ли домашната ракија? Државата одлучи ракија во казан да стане акцизна стопка.Односно секој што ќе произведе над 100 литри и ја пушти во продажба ќе има обврска да се пријави во Царината  и да плати акциза од 30 денари за литар.

Земјоделците со реакција на ваквата одлука. Велат немаат ништо против да се воведе акциза, но не во време кога цената на грозјето е тотално девалвирана и кога луѓето  од него прават ракија и продаваат за да го прехранат своето семејство.

Со новиот  закон ациза за алкохол нема да плаќаат физички лица кои за сопствени потреби произведуваат вино и пиво најмногу до 500 литри годишно и  етил алкохол исто така за сопствени потреба и да не е наменет за продажба до  100  литри. 

Се прави и  категорија на  мали дестилерии-односно оние кои ќе произведуваат најмногу до 2000 литри алкохол ќе плаќаат акциза од 8,5 проценти од досегашната цена. А за оние кои ќе произведат ад оваа количина акцизата ќе изнесува 50 отсто.

Од мнистертвотот за финансии велат дека ваквиот зкаон е во согласност со директивите на ЕУ.