Ќе поскапат и комуналните услуги

Нови ценовни шокови за граѓаните во делот на комуналните услуги. Околу 90 претпријатија здружени под капата на здружението АДКОМ бараат средба со претставници од Влада за изнаоѓање решение, до сега велат не добиле никаков одговор од Влада.

Следен чекор е повисоки цени на комуналните услуги велат од АДКОМ, причината е во енормните сметки за струја кои им стигнале на претпријатијата.

Итно да профункционира социјалниот дијалог за да им се помогне на работниците, бизнис секторот и јавно-комуналните претпријатија побезболно да ја пребродат енергетската и економската криза, како и да се субвенционира струјата во индустриските капацитети и комуналните претрпијатија, побараа вчера од Конфедерацијата на слободни синдикати.

На 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на владата на кои ќе се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан пред се поради енормниот раст на трошоците за електрична енергија.

Од Влада не одговорија дали планираат да има средба со здружението АДКОМ и кога? И дали планира да им помогне финансиски на здружението за да не поскапат комуналиите и целиот товар да не падне врз грбот на граѓаните. 

Извор: 24ТВ