“Ќе поминам на црвено, нема автомобили” – зошто имаме нула сообраќајна култура?

Уште во првите училишни денови, или пак уште во градинка децата се учат како се поминува правилно улица. Кога имаат предност пешаците, а кога автомобилите. Зошто постојат три бои на семафорот и што значат истите.

-Деновиве додека поминував улица, забележав еден чуден дијалог, помеѓу мајка и дете. Чекавме заедно на семафор. Чекаме да е црвено за да поминеме улици. “Ајде сине, да побрзаме”... “Ама мамо, црвено е за нас, види човечето на семафорот не е зелено”... “Ако, тоа кога си сам, сега со мене, немаш гајле, нема автомобили. Ехе додека ти раскажувам на тебе, десет пати досега ќе ја поминевме улицата”... Детето немаше повеќе од седум, осум години, но со сообраќајна култура. Мајката, дотерана, со фустан, со штикли, со шминка, околу триесеттина година, но со нула култура, барем кога е сообраќајот во прашање. Кој кого учи, си се замислив и си се запрашав, раскажува Мира.

Во Скопје, секојдневно сме сведоци на сообраќајни несреќи. Некогаш страдаат возачите, некогаш пешаците. Ни криви, ни должни, но, ете жртви на нула сообраќајна култура.

И сите брзаат некаде, и сите  во фрки, толку многу што би го ставиле и својот и туѓиот живот на коцка само за да стигнеме поскоро, па макар го фатиле семафорот на популарното портокалово. А многумина си поминуваат и на црвено, без око да им трепне. Да го знаете ова нели. Доволно е само за еден момент да излезеш и да бидеш дел од скопскиот сообраќај.