Ќе поевтинат ли полисите за авто-осигурување?

Се отвора простор за поевтинување на автомобилското осигурување. Агенцијата за супервизија на осигурувањето заедно со Националното биро за осигурување работи на либерализација на пазарот. Полисите за автоодговорност се најпродавани кај нас, 40% од приходите на осигурителните компании се од нив. Лани биле склучени над 600.000 вакви полиси во врендост од 55 милиони евра. Исплатена е штета во вредност од 25 милиони.

Брз раст бележи и приватното здравствено осигурување. За две години во земјава има 100.000 нови корисници. Во 2018 година услугите на приватното здравство ги користеле 11.700 лица, лани овој број надминал 114.000. Трендот на раст на приватното здравствено продолжува и во првиот квартал од оваа година затоа што веќе е јасен бенефитот за сите од него. 

Во 2020 година на име на овие полиси биле уплатени 4,4 милиони евра што е за 45% повеќе од претходната година. Граѓаните од овие пари наплатиле 1,7 милиони евра или 44% повеќе од 2019 година.