Последниот продолжен викенд во 2024 години, скопјани го поминаа на Средно Водно. Стотици семејства кои утрово, во потрага по рекреација и чист воздух, сакаа да стигнат до врвот на Водно, беа спречени во таа намера, бидејќи жичницата не работеше.
Тие револтирано коментираа дека во денови кога градот е презагаден и Водно како опција за чист воздух е ускрено.
Од Јавното сообраќајно претпријатие пред неколку дена информираа дека за време на празничниот викенд, жичницата ќе работи согласно секојдневното работно време, според кое секој понеделник е неработен ден.
Еве како денес изгледаше Скопје од високо и ниско: