За вечерва метеоролозите најавуваат снег во Македонија. Пообилни врнежи од дожд ќе има во ноќните часови, кој се очекува да премина во снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен јужен ветер.
Утре претпладне ќе има облачно време со врнежи од дожд, а на планините ќе паѓа снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови, а попладне ќе престанат.
Утринската температура ќе биде во интервал од нула до осум, а дневната од пет до 12 степени.
Од недела ќе имаме период на стабилно и потопло време, а по одделни котлини ќе се задржи облачно, магливо и постудено време.