
Добра вест за скопјани е што се заловуваат кучиња скитници низ скопски Центар откако изминатата недела се заловуваа низ повеќе скопски општини.
Во текот на изминатата недела, тимовите на Јавното претпријатие Лајка реализираа теренски активности за заловување и третман на бездомни кучиња на повеќе локации низ градот, согласно теренски проценки и пријави од граѓани, информираа надлежните оттаму.
Активностите биле спроведени во Орман, Бутел 1, Гробишта Бутел, Радишани, Драчево, Порта Влае, Бардовци, Автокоманда, Визбегово, Карпош 2, Александрија, Маџари, Шуто Оризари, Ново Село, населба Кисела Вода, Волково, Ченто и Центар.
Велат дека продолжуваат со засилени активности и оваа недела, при што стратешки ќе постапуваат на територија на општина Центар.

- Ги повикуваме граѓаните да продолжат активно да пријавуваат нетретирани кучиња без ушна маркица и да соработуваат со нашите тимови со цел поефикасно теренско постапување и контрола на популацијата на бездомни кучиња, се наведува во повикот од Лајка.