Ќе останат ли веганите гладни во Македонија? Одговорот го имаат двајца блогери од Англија

Колку Балканот е отворен за сечиј вкус на храна? 

Со предизвиците да се пронајде разнвидна и вкусна веганска храна низ земјите на Балканот се соочија двајца блогери од Велика Британија. Тие својата авантура како вегани на Балканот кои сакаат да ја вкусат домашната кујна ја документираа на социјалната мрежа инстаграм. 

„Ако сте вегани и патувате низ Балканот, обидете се да најдете сместување на места каде имате можност сами да си готвите храна“ – препорачуваат двајцата блогери од Обединетото Кралство што во изминатиот период ги посетиле балканските земји, меѓу кои и Македонија.

Дан и Ем од Велика Британија себеси се опишуваат како дигитални номади. Тие постојано патуваат низ светот и ги испробуваат нивните омилени вегански рецепти. Токму нивната пасија да патуваат низ светот и да се хранат вегански ги донесе да го посетат Балканот и сеите негови убавини.

Тие на својот Инстаграм профил објавија интересно видео кое го насловија:„Дали е тешко да се патува низ Балканот како веган?“

Иако генерално во Балканските земји е предизвик  да се пронајде веганска храна или ресторани кои ја служат истата, Дан и Ем покажаа дека и на нашите простори може да се најде храна соодветна за нивните потреби.