Ќе никне ли нова зграда во близина на градскиот плоштад? - Се испитува почвата, ќе се сечат дрвја!

На потегот од пошта, карши поранешната зграда на Телеком, кон плоштад „Македонија" ограден е еден дел каде што според жителите во околните згради ќе никне нов објект.

Ќе изникне ли нова зграда во центарот на градот? Дали ќе се уништи уште еден дел зеленило од градот, со цел да се изгради нова згдара? 

Жителите од околните згради велат дека од разговор со мајсторите кои деновиве работата таму за испитување на почвата, дознале дека ќе се гради нова зграда. 

Која е цената за да се уништи зеленилото на сметка на станбено чудовиште?!