Ќе направам повторно да имаме стандард како во Југославија, најави Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција зборуваше за инвестициите во Македонија и кажа дека ќе направи сè за граѓаните да имаат подобар стандард од земјите од Источна Европа.

-Ние во Југославија имавме подобар стандард од сите земји од Источна Европа, кои станаа членки на Европската унија и јас ќе ги донесам сите потребни одлуки за граѓаните да имаат подобар стандард од нив, кажа Ковачевски.

Ковачевски посочи дека во време на Југославија, граѓаните имале поголем стандард од Словачка, Чешка, Романија, Полска, Бугарија и останатите земји.