Ќе можете да гласате само со важечка лична карта или пасош, а не со некоја друга легитимација

Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка, ученичка и студенска легитимација.

Изводите од Избирачкиот спсиок  содржат и фотографии од гласачите. Личните фотографии се во форма како на личната карта или пасошот.

 Во изводот од Избирачкиот список ќе биде испечатена фотографијата од оној документ кој што е со понов датум на издавање.

Според упатствата на Државната изборна комисија (ДИК), при утврдување на личниот идентитет, гласачот е должен пред избирачкиот одбор да се претстави на начин на кој е претставен на фотографијата на документот за лична идентификација. Претставниците на подносителите на листите и акредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот.