Ќе можат ли граѓаните оваа лето да се одмoраат на море?

Ќе  можат ли граѓаните  ова  лето да се одмараат на море? Дел од туристичките агенции излегоа со понуди, но интерес нема. Освен Албанија и Црна Гора за каде не е потребен тест и во моментов  целопсно се отворени за влез,  понуди има и за краците, Турција, Хрватска, Босна и други земји со кои границите сеуште се затворени или пак е неопходн тест. Токму поради неизвесноста што ќе се случува до летото,  граѓаните повеќе се распрашуваат ,а малкумина   се осудуваат да направат резервација.

Туристичките работници стравуваат дека  и ова лето  Европа може да не отвори   за  трети земји или  да   воведе вакцинален пасош. Грција веќе го побара тоа од Унијата но предлогот беше одбиен. Сепак не се исклучува можноста одредени држави од ЕУ тоа сами да го направат.  Со тоа велат од секторот  ќе се зададае нов удар  врз домашниот туризам.

Се надеваат дека оваа година нема да биде промашена како ланската, затоа  што ако има уште една лоша сезона, ќе бидат принудени да се откажат од бизнисот.

Дел од земјите од регионот пак веќе наголемо се подготвуваат за новата сезона. Хрватска  објави дека има потреба од  повеќе  сезонски работнции.

За да се подобри домашниот туризам од секторот побараа да се воведат бесплатни ПСР тестови за странци. Загубите во туризмот се огромни и според процентките  ќе  бидат потрбени повеќе години да се вратат  бројките од пред пандемијата.